ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА НА ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС ДООЕЛ СКОПЈЕ
Што се колачиња?
Колачињата се мали текстуални датотеки што веб страницата која ја посетувате ги поставува на Вашиот компјутер или мобилен уред заради чување на информации за вашата посета. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб страница. Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои вашиот пребарувач може да ги поврати, но не содржат програми, вируси или малициозен софтвер. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година. Постојат разни видови колачиња и тие обично се сортираат според времетраењето, доменот на кој припаѓаат и намената (целта):
Колачињата според времетраењето може да се поделат во две категории: „за време на сесијата“ и „трајни (упорни)“.
Колачињата за време на сесијата се привремени и се бришат кога ќе го затворите пребарувачот или по одреден период на неактивност. Трајните колачиња остануваат на Вашиот компјутер до датумот на истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата.
Според доменот на кој припаѓаат колачињата се поделени на 1) колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот што се посетува, односно ЕЛС СКОПЈЕ и 2) колачиња кои се поставени од трети страни, од друг домен освен оној што го посетил корисникот.
Повеќе информации за видот на колачињата што ги поставува ЕЛС СКОПЈЕ според намената (целта) може да прочитате во делот „Колачиња што ги поставуваме“.
Што прават колачињата?
Колачињата можат да содржат многу видови информации за вашата посета на одредена веб страница, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за вас, но можат да соберат информации за вашите навики на пребарување. Во најголем дел, колачињата го подобруваат вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница. Меѓутоа, веб страниците исто така користат колачиња кои служат за рекламирање согласно вашите интереси врз основа на избраните преференции или содржината на страниците што сте ги посетиле. Од овие причини, некои веб корисници ги бришат или одбиваат одредени типови на колачиња, односно колачиња од одредени страници.
Дали можам да ги избришам колачињата?
Да, можете да ги прегледате колачињата зачувани на Вашиот компјутер и да ги избришете некои или сите. Сепак, секој пребарувач има различна постапка за таа цел.
Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страница. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.
Може ли да го поставам пребарувачот да ги блокира колачињата?
Да, повеќето пребарувачи Ви дозволуваат да наведете кои видови колачиња ги прифаќате или ќе ги одбиете сите колачиња. Бидејќи секој пребарувач е различен, еве неколку од најчестите:
Да го оневозможите следењето од Google Analytics на сите веб страници, посетете ја https://tools.google.com/dlpage/gaoptout. При посета на некои страници може да видите порака за предупредување која Ви препорачува да ги прифатите колачињата заради оптимално искуство со пребарувањето.
Како ги користиме колачињата?
Ние ги користиме колачињата на различни начини со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата страница, деталите се наведени подолу.
Колачиња што ги поставуваме
Неопходни |
Неопходните колачиња овозможуваат веб страницата да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно. |
Преференцијални |
Преференцијални колачиња овозможуваат веб страница да запомни информации што го менуваат начинот на однесување или изгледот на веб страницата, како на пример префериран јазик или регионот во кој се наоѓате. |
Статистички |
Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страницата со собирање и анонимно пријавување на податоците. |
Маркетинг |
Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и го интересираат корисникот, а што е воедно важно за огласувачите како трети страни. |
Колачиња кои се користат од страна на ЕЛС СКОПЈЕ
Неопходни колачиња поставени од трети страни
Назив на колачето |
Кој го поставува |
Опис и цел |
Период на траење |
XSRF-TOKEN |
cc.els.mk |
Ова колаче ја подобрува безбедноста на прелистувањето на посетителите со тоа што спречува фалсификување на барања меѓу страници. |
7 дена и 1 час |
Статистички колачиња поставени од трети страни
Назив на колачето |
Кој го поставува |
Опис и цел |
Период на траење |
_ccases |
cc.els.mk |
некласифицирано |
|
Ccs |
cc.els.mk |
некласифицирано |
7 дена и 1 час |
Cc |
cc.els.mk |
некласифицирано |
За време на сесијата |
cc-history |
cc.els.mk |
некласифицирано |
За време на сесијата |
cf_clearance |
cc.els.mk |
некласифицирано |
1 година |
Маркетинг колачиња поставени од трети страни
Назив на колачето |
Кој го поставува |
Опис и цел |
Период на траење |
cc |
cc.els.mk |
Ова колаче се користи за таргетирање и рекламирање. |
За време на сесијата |
uuid |
cc.els.mk |
Ова колаче се користи за да се избегне прикажување на исти маркетинг содржини. |
1 година 1 месец и 4 дена |